Автомобил излетал од патот Прилеп-Крушево: Во него имало две млади момчиња

Во саботата утрото околу 4 часот било пријавено дека на регионалниот пат Прилеп-Крушево, пред селото Славеј, патничко возило „опел тигра“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од В.Ј. на 20 години од Прилеп, излетало од патот.

Во несреќата сопатникот Х.Н., исто така на 20 години од Прилеп, се здобил со тешки телесни повреди, а возачот со телесни повреди, констатирани во Општата болница во Прилеп. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

15.01.2022 - 14:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега