Тешко е повреден 40-годишен скопјанец откако со автомобил излетал од коловозот на улицата „Лазар Личеноски“ во Скопје.
Како што информира МВР, несреќата се случила на 11 јули околу 10:00 часот, во близина на полигон, кога патничко возило „Пежо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.З. (40) од Скопје, излетало надвор од коловозот.
Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Скопје.

