Автомобил без возач прегази девојка во Србија

Девојка се движела по улицата Велимир Бата Живојиновиќ во Врачар, Србија кога во неа удрил автомобил „фолксваген поло“ во кој немало возач. Според очевидци, тој буквално го поминал нејзиното тело и продолжил по својот пат.

Како што дознава „Телегарф.рс“, автомобилот потоа „удрил“ во уште две возила.

Кај А.Ј. констатирани се тешки повреди на главата и рбетот. Нејзината состојба е сериозна.

Неофицијално, возачот на Фолксваген го паркирал автомобилот и влегол во зграда.

Меѓутоа, Н.М. (30) наводно не ја подигнал рачната сопирачка и возилото само тргнало.

За случајот известени се полицијата и обвинителството.

22.07.2024 - 12:33

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега