Австриец тешко повреден откако паднал од мотор

На 08.07.2024 во 09.40 часот во Полициската станица Свети Николе било пријавено дека на локалниот пат од место викано „Преодски ливади“ кон регионален пат пред место викано „Мездра“, М.Р.(66) од Р.Австрија, управувајќи мотоцикл „хонда“ со австриски национални ознаки, изгубил контрола и паднал.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Клиничката болница Штип, велат пд МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Свети Николе.

09.07.2024 - 18:54

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега