АВМУ: Осуда на нападот на новинарот Љупчо Златев

 

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги најостри го осудува вчерашниот напад на новинарот и главен уредник на поратлот Економски Лидер, Љупчо Златев.

„Нападите врз новинарите претставуваат загрозување на слободата на медиумите и на слободата на информирање. Секој вид на притисок води кон уназадување на демократските процеси и е спротивно на европските вредности, кон кои се стремиме.

Агенцијата во повеќе наврати апелираше дека безбедноста на медиумските работници мора да биде загарантирана, затоа што само така ќе можат непречено да ја вршат нивната општествено одговорна професија“, стои во реакцијата на АВМУ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.07.2020 - 12:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега