Тројца загинаа во падот на мал авион што се случи во понеделникот во германската покраина Северна Рајна-Вестфалија, во близина на Еркеленц. Леталцето се урнало во поле и целосно изгорело/уништено е, при што од него останала само опашката.

Според податоците од терен, „цесна 172“ полетала во понеделник наутро од област северно од Утрехт, Холандија, по што влегла во германскиот воздушен простор кај автопатот А52. Околу 11:20 часот авионот почнал да се соочува со проблеми од засега непознати причини во реонот на Гердерат.

Портпаролот на полицијата за германски „Билд“ ја потврди трагедијата: „Во авионот имало три лица. Сите тројца загинале во падот.“

Идентитетот на жртвите засега не е објавен, а причините за несреќата ги утврдуваат надлежните органи. Во близина на местото, на десетина километри оддалеченост, се наоѓа малиот аеродром Еркеленц-Киховен. Истрагата е во тек.

Exit mobile version