Авион со 164 патници се запали над Солун

Поради пожар во пилотската кабина, авион на компанијата „Рајанер“ попладнево принудно слетал на аеродромот во Солун, а сите 164 лица, патници и членови на екипажот безбедно биле евакуирани, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што соопштија од Генералниот секретаријат за цивилна заштита на Грција, во 17.45 часот авионот кој од Берлин летал за Атина, додека бил над Халкидики испратил сигнал за помош и побарал принудно слетување поради пожар во пилотската кабина, по што веднаш биле активирани сите предвидени протоколи.

Принудното слетување било успешно, а 157 патници, едно бебе и шест членови на екипажот безбедно го напуштиле авионот.

Грчката новинска агенција АНА-МПА објави дека според информациите од Противпожарната служба на Грција во електронските системи во пилотската кабина имало знаци на пожар, а на аеродромот во Солун биле 20 пожарникари со девет возила, но не била потребна интервенција.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.07.2020 - 19:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега