Два импровизирани кампа во кои биле сместени осум илегални мигранти, меѓу кои и две деца, се откриени во близина на македонско-српската граница во координирана полициска акција.

Криминалната група, составена од авганистански државјани, ги прифаќала мигрантите од Грција, ги засолнувала во камповите, а потоа двајца од нив со употреба на сила и закани изнудувале пари од жртвите. Парите биле потребни за да им се овозможи понатамошно префрлање кон Србија и земјите од ЕУ.

Полицијата поднесе кривична пријава против пет лица од Авганистан – З.Х.(20), Џ.Д.(31), В.Х.(34), А.Ш.(37) и еден 15-годишник. Тие се товарат за „Криумчарење мигранти“ по член 418-а и 418-б од Кривичниот законик.

„На 16.11.2025, по претходно добиени оперативни сознанија, Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе… под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран и сериозен криминал, спроведоа координирана полициска операција за сузбивање на криминална група инволвирана во вршење на кривично дело криумчарење мигранти.

Имено, при преземање на мерките, во место викано Ресуљка во близина на граничната линија помеѓу Македонија и Србија беа откриени два импровизирани кампови во кои се пронајдени осум илегални мигранти, од кои двајца од Пакистан и шест од Авганистан, меѓу кои и две деца.

Истиот ден, Националната единица… до ОЈО за ГОКК, поднесе кривична пријава против З.Х.(20), Џ.Д.(31), В.Х.(34), А.Ш.(37) и 15-годишник., сите од Авганистан, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Криумчарење мигранти“ по член 418 -а и 418-б од Кривичниот законик.

Имено, пријавените во неколку наврати прифатиле, во улога на водичи илегално пренеле и засолниле група од илегални мигранти од Грција до камповите. Откако ги сместувале во импровизираните кампови, З.Х. и Џ.Д. со употреба на сила и закана од лицата изнудувале парични средства со цел да им овозможат нивно понатамошно префрлање на територија на Србија, а со крајна дестинација земјите од Европската унија.“

Exit mobile version