Во Хрватска се во тек апсења и итни доказни дејствија, кои по наредба на УСКОК ги спроведува ПНУСКОК, беше објавено утрово.
Горенаведените дејствија се спроведуваат на подрачјето на Нова Градишка, Славонски Брод и Загреб во врска со неколку лица за кои постои основано сомнение дека сториле корупциски кривични дела.
Јутарњи објави дека е уапсен градоначалникот на Нова Градишка, Винко Гргиќ.
По сослушувањето на осомничениот, УСКОК ќе донесе одлука за понатамошни дејствија во предметниот случај, за што навремено ќе ја информира јавноста, се вели во соопштението.


