Атина ги демантира српските медиуми: Нема влез во Грција со вакцинален картон оваа сезона

Србите кои се надеваа дека ова лето со вакцинален картон односно со потврда дека примиле ковид вакцина ќе можат да летуваат на грчките плажи се „попарени“ откако на онлајн состанокот кој денеска го имаа грчкиот министер за туризам Харис Теокарис и српската министерка за трговија, туризам и телекомуникации Татјана Матиќ тие не постигнале никаков договор.

 

Претходно српските медиуми известија дека двете страни постигнале договор за воспоставување на потврда за вакцинација за доаѓање на туристи од Србија и Грција, но тоа воопшто не е точно, демантираше грчката влада преку весникот Прототема.

Како што се наведува, српската министерка за туризам побарала повеќе детали и информации за предлогот на грчката влада во врска со потврдата за вакцинација. Покрај тоа, Теокарис српската колешка ја известил за големиот интерес што владее кај Србите за посета на Грција оваа сезона.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.01.2021 - 21:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега