Close Menu
Press24
    Најново

    Ужас во Охрид: Син со нож го нападнал сопствениот татко среде бел ден

    05.03.2026 во 11:56

    Во 2030 година со воз од Скопје до Софија – пробиен последниот тунел кај Крива Паланка

    05.03.2026 во 11:41

    На државно земјиште си изградил куќа – жител на Центар Жупа заработи кривична

    05.03.2026 во 11:39
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Ужас во Охрид: Син со нож го нападнал сопствениот татко среде бел ден
    • Во 2030 година со воз од Скопје до Софија – пробиен последниот тунел кај Крива Паланка
    • На државно земјиште си изградил куќа – жител на Центар Жупа заработи кривична
    • Трамп доби „зелено светло“ за војната: Сенатот ја отфрли резолуцијата за запирање на нападите врз Иран
    • Судење за трагедијата во Пулс: Одбраната побара спојување со актот против 13 полицајци
    • Газда Деко нема да биде префрлен во Шутка – Само душекот не му бил добар
    • Дечкото го удирал во градите и по главата, девојката му ја влечела униформата – полицаец преживеал хорор за време на рутинска контрола
    • Го барале преку Интерпол – Македонската полиција го фати
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Асанов не признава вина, а делови беа закопани во неговиот двор: „Да убиеш човек не е лесно”

    Асанов не признава вина, а делови беа закопани во неговиот двор: „Да убиеш човек не е лесно”

    05.03.2026 во 10:091 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Во Основниот суд Штип вчера започна судскиот процес против 74-годишниот Денис Асанов, кој е обвинет за убиство на 79-годишна штипјанка со иницијали Б.Н. Обвинетиот изјавил дека не се чувствува виновен за делото што му се става на товар.

    -Апсолутно не, не сум го сторил кривичното дело. Да убиеш човек не е лесно, рекол тој во судницата.

    Според обвинителката Тања Кацарова, Асанов бил свесен кога го извршил делото и убиството го сторил со умисла. 

    Кривичното дело се случило минатата година, а дел од телото на жртвата бил пронајден закопан во дворот од куќата на обвинетиот. Според исказот даден пред Основно јавно обвинителство Штип, како мотив биле наведени љубомора и нарушени лични односи. По жената се трагало неколку дена, откако нејзината сестра го пријавила исчезнувањето.

    Според информациите на Министерство за внатрешни работи, на 24 октомври 2025 година, 84-годишната сестра на жртвата пријавила дека таа се оддалечила од домот. На 10 ноември, со судска наредба, бил извршен претрес во домот на Асанов, при што биле пронајдени траги од крв и други предмети поврзани со случајот.

    Според извршената обдукција, убиената жена имала осум скршени ребра. Главата и двете нозе на убиената до денес не се пронајдени.

    Судењето продолжува на 18. Март.

    Популарно

    Кој ќе го купи Аудито на Мерко – Почетна цена од 21.800€

    05.03.2026 во 10:12

    Министерот Тошковски стана татко по третпат – му се роди син

    04.03.2026 во 23:58

    САД открија кои четири цели на Иран мора да бидат збришани, авионите ќе удираат сè подлабоко

    04.03.2026 во 23:29

    Петок е неработен ден за сите граѓани – доаѓа продолжен викенд

    27.02.2026 во 09:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.