Артан Груби: Опозицијата побарала амнестија од Пендаровски за Никола Груевски
Првиот вицепремиер Артан Груби, во изјава за порталот „Zoom.mk“ вели дека точно е тоа дека актуелната опозицијата барала од Пендаровски амнестија за поранешнот премиер Никола Груевски.
Да, точно е тоа. Претседателот на државата Пендаровски на еден од претходните состаноци, на кои што ги разгледувавме сите можности за да го продолжиме интеграцискиот пат на нашата земја, како и успешната реализација на Уставните измени, ни напомена, не информираше дека високи експоменти од раководството на ВМРО-ДПМНЕ му имаат испратено пораки и барања, да ја разгледа можноста да го амнестира бившиот премиер Никола Груевски, на што Пендаровски не извести дека нема никаква намера тоа да го направи и дека ги одбил сите тие иницијативи и барања. Но, симптоматично е тоа што овие барања доаѓаат од крила, или елементи во рамките на ВМРО-ДПМНЕ кои што не се задоволни од актуелното раководство, изјави Артан Груби за Zoom.mk.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа