Арсовски: Став на Владата е дека политичките партии треба да бидат подалеку од Армијата

Ставот на Владата е дека политичките партии треба да бидат подалеку од Армијата и тој став е јасно изразен во измените на Законот за служба во Армијата, рече на денешната прес-конференција владиниот портпарол Душко Арсовски, во одговор на прашање поврзано со вчерашната објава на Фејсбук профилот на Општинската организација на СДСМ – Арачиново.

Тој напомена дека Министерството за одбрана уште вчера јасно порачало оти Армијата треба да и служи на државата, не на партиите.

Инаку, ОО на СДСМ – Арачиново вчера преку својата Фејсбук страница ги повикувала кандидатите што аплицирале на Огласот за прием на војници во Армијата „да се пријават кај претседателот на огранокот во Арачиново или кај членовите на раководството на огранокот на СДСМ – Арачиново“.

28.09.2022 - 14:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа