Арсовски: Коста Петров го прекршил законот, кривична пријава ќе има

Сите го видовте јавно на телевизија Коста Петров призна дека сторил кривично дело. Обидот отпосле да се оправда дека не сторил кривично дело е тотално непотребен и бесмислен, само повеќе докажува дека го сторил истото дело, истакна на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Тој истакна дека јавно, јасно и гласно призна дека сторил кривично дело со тоа што исплатил буџетски пари за рекламирање на Фондот за иновации.

-Да разјасниме: Владата на СДСМ предводена од Зоран Заев, претседателот на СДСМ чиј заменик односно потпретседател е Коста Петров во 2017 година донесе заклучок според кој се задолжуваат сите органи на државната управа, се укажува на институциите кои немаат статус на органи на државната управа, се препорачува на единиците на локалната самоуправа да престанат да емитуваат, односно рекламираат кампањи/спотови на платен простор во електронски комерцијални радиодифузери – телевизии и радија, дневни и неделни весници, билборди, интернет портали, со исклучок на социјалните медиуми. Според законот за иновациски дејности, Фондот за иновации е формиран од Владата на Република Македонија, има статус на правен субјект, користи буџетски пари, она што е најважно практично затоа и беше донесена од СДСМ, тогаш беше и така промовирана оваа мерка користи буџетски пари Фондот за иновации на Република Македонија. А, вклучително и директорот на Фондот за иновации е назначен на седница Влада, вели Арсовски.

Тој псочува дека де факто овој заклучок на Владата кој што е донесен пред три години важи и за Фондот за иновации, односно за Коста Петров.

-Затоа да не се крие, да не бега и да одговори јавно: Каде се рекламирал Фондот за иновации, на кои медиуми и колку пари чинела оваа кампања на Фондот за иновации за 5 години ФИТР? Ова се суштинските прашања, бидејќи прекршување на законите секако има. Уште еднаш бараме институциите да реагираат, а Фондот за иновации јавно да ги обзнани сите документи, каде се рекламирал Фондот за иновации, колку пари потрошил за истото и нормално кој ги исплатил тие пари односно со чиј потпис. Кривична пријава за одговорност од ВМРО-ДПМНЕ, секако ќе има, нагласува Арсовски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.01.2021 - 12:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега