Арсовски: Филипче и Заев се брука и срам - Не можат ни да примат вакцини како донација бидејќи немаат услови

Нов ден и нов срам и катастрофа на Венко Филипче и Зоран Заев. Заради  неспособноста на власта, Република Македонија и граѓаните остануваат единствени во регионот и Европа кои не знаат кога ќе се започне со вакцинација, ниту пак колку вакцини ќе добијат на располагањe, истакна вечерва портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски во „Коментар на денот“.

Вели дека власта не ја регистрирала вакцината на Фајзер и немала направено план за вакцинација.

Македонската јавност тоа го дозна денеска и замислете не од нашите медиуми и политичари туку од српската премиерка Ана Брнабиќ. Иако власта се пофали дека набавила 8.000 вакцини од Србија, премиерката на Србија денеска откри дека Македонија не може да ги добие истите затоа што поентата не е само да се набават, туку и да се регистрираат, но и да се направи план етапно како ќе се спроведе вакцинацијата.   Скандал од невидени размери, брука и срам. Додека сите држави се вакцинираат, власта со својата несериозност и неспособност дополнително ги загрози животите на македонските граѓани, рече Арсовски.

Според него, Зоран Заев и Венко Филипче ја оставиле Република Македонија и граѓаните без ниту една вакцина, а поради тоа граѓаните умираат по болници.

-Веќе три месеци и повеќе лажат дека набавиле вакцини од Бугарија, па потоа  и од Грција, а сега и од Србија, за да на крај дознаеме дека вакцините ниту се набавени, ниту пак е регистрирана било каква вакцина за КОВИД-19 во државава, ниту има план како ќе се одвива целиот процес. Да се фокусираа повеќе на заштита на здравјето и животите на граѓаните, наместо на сопствениот ПР и промоција, можеби ќе знаеја дека вакцината треба да се регистрира и да се направи план за вакцинирање. Но, зафатени со глумење на лажен хероизам, од самиот почеток на пандемијата лажат, а жртвите на тие лаги се граѓаните кои ги губат животите.       За ваква несериозност во најмала рака потребни се неотповикливи оставки уште веднаш, а потоа и кривична одговорност за загрозување на јавното здравје на граѓаните на Република Македонија, вели Арсовски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.01.2021 - 20:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега