Арсовска не попушта: На закани и уцени нема да се подлегне, по ниту една цена

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска во емисијата „Топ Тема“ на „Телма“ кажа дека нема да попушти и ќе има нов јавен повик на кој може сите да се пријават.

„Најголеми губитници ќе бидат граѓаните. Таа колатерална штета, која некој ја предизвикува на граѓаните има име и презиме. А, тоа не е Градот Скопје. Затоа што Град Скопје не го предизвика овој хаос. На закани и уцени нема да се подлегне, по ниту една цена“, вели Арсовска.

Ова најверојатно значи дека од петок следат нови протести и блокади од приватните превозници.

30.11.2022 - 20:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега