Арсовска назначи нов директор на Зоолошка

 


Кризата со птичји грип во Зоолошката градина не престанува да ја потресува оваа институција.


Додека се уште се преземаат мерки за санирање на ситуацијата и заштита на животните, градоначалничката Арсовска одлучи да направи нова кадровска промена.

Зоран Попов е новиот в.д. директор, со што бројот на директори во последната година се искачува на три.

Честите промени на чело на Зоолошката говорат за сериозни проблеми во управувањето со оваа институција, кои сега, во услови на криза, излегуваат на виделина.

21.10.2024 - 13:06

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега