Арсовска до Синдикатот: Имаме пари за цела година, не мора да мислиме (ВИДЕО)

Градоначалниката на Град Скопје Данела Арсовска по завршувањето на втората вонредна седница на која Советот ги изгласа субвенциите за Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ со што вработените ќе можат да ја добијат декемвриската плата ги извести членовите на Синдикатот за одлуката со советниците.

-Благодарност до оние советници кои денес покажаа одговорност, совесност и храброст во носењето на одлуките. За жал, тоа не беа советниците од ВМРО-ДПМНЕ кои по диктат на Мицкоски оставија над 1.000 семејства без плата, и илјадници скопјани без јавен превоз - овој срам не се пере. И покрај тоа што со нив се изживуваа советниците на ВМРО-ДПМНЕ, сепак морам да изразам благодарност до Синдикатите во ЈСП кои утрово не ги оставија без превоз учениците и лицата на кои највеќе им треба превоз, вели Арсовска.

22.01.2024 - 17:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега