Армијата со детали за сообраќајката: Војниците од превртениот автобус со полесни повреди

 

Војници утринава се полесно повредени во сообраќајна незгода во која странично се преврте автобус на магистралниот пат Струмица-Штип. Како што информираат од Министерството за одбрана, автобусот превезувал припадници на Армијата на Република Македонија во рамки на организираниот превоз на релацијата Струмица-Радовиш-Штип-Петровец.

-Во сообраќајната незгода која според нашите и информациите од МВР се случила во 6:47 минути на осум километри пред Штип, се превезувале 16 припадници на Армијата до своите работни места во горенаведените гарнизони, при што според првичните сознанија кај дел од нив има полесни повреди и во моментот сите припадници се превезени во Болницата во Штип каде им се вршат лекарски прегледи со цел утврдување на нивната здравствена состојба, соопшти Армијата.

Увид на место на настанот е извршен од страна на јавен обвинител и МВР, а на терен излегол и тим од воената полиција.

-Припадниците на Армијата по извршените прегледи ќе постапуваат согласно со дадените препораки од лекарите, велат од Армијата и нагласуваат дека автобусот од типот „сетра” во сопственост на фирмата „Тритерол” од Струмица која го реализира организираниот транспорт има потврда за исполнување на потребните технички услови за превоз на патници. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.09.2020 - 09:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега