Арифи: Да имав одговорност за модуларната болница, немаше сега да седам тука како кандидат
Ако имавме институционална одговорност немаше да седам тука како кандидат, изјави кандидатката за градоначалник на Тетово Теута Арифи од ДУИ во емисијата 24 анализа. Според неа тетовската трагедија е прашање на институциите кои треба да ги вршат истрагите.
– Многу важно е целото прашање да е осветли и да се откријат причините. И тогаш беше јасно дека во однос на ингеренциите, рековме дека сите модуларни болници се изградени по законот. Институциите да ги завршат сите истраги како што треба за да не се повтори ова. Се базираме врз основа на официјалните извештаји. Институциите се тие кои овикуваат на одговорност. Одговорено за целата реализација било Министерството за здравство. Ако имавме институционална одговорност немаше да седам тука како кандидат. – рече Арифи.
Лидерот на БЕСА и кандидат за градоначалник на Тетово, Билал Касами обвини дека „Арифи знае како ги собира гласовите“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа