Арачиновец се бори за живот - го погодиле со куршум на семејна веселба
На 13.09.2023 во 21.23 часот во СВР Скопје, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив со повреда од огнено оружје било донесено машко лице.
Полициски службеници излегле на местото и било утврдено дека станува збор за М.И.(31) од Арачиново, скопско, кој според првичните информации бил повреден на семејна веселба во скопско. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
14.09.2023 - 17:21
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа