Апсење во Скопје- по претрес полицијата веднаш го привела

Едно лице приведено во Скопје, откако при претрес полицијата пронашла марихуана и пари.

Во рамките на засилените мерки и активности на МВР за сузбивање на нелегалната трговија со дрога, СВР Скопје- Единицата за недозволена трговија со дрога и оружје на 16.11.2020 околу 19 часот изврши претрес во дом и други простории кај Ф.Д. (37) од Скопје.

При претресот кај лицето пронајдена е над еден килограм марихуана, таблети, амфетамин, една вага и пари. Лицето е лишено од слобода за понатамошна постапка.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.11.2020 - 10:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега