Апсење во регионот: Лажни ПЦР тестови се продаваат и во Македонија- цената достигнува и до 800 евра

 

Повеќе лица кои продавале и поседувале лажни ПЦР-тестови за коронавирус се упасени во неколку полициски акции во земјите во регионов, пренесува „Точка“.

Српската полиција уапсила шест лица за фалсификување лични документи и издавање лажни негативни ПЦР тестови, а цената почнува од 100 па сè до 800 евра.

Потврди за негативни ПЦР тестови најмногу се продавале во Ниш и во Врање, а според наводите на српски „Блиц“ ги купувале луѓе кои патувале во европските земји.

Според изјави на некои од превозниците кои влегуваат во Македонија на граничниот премин Табановце, негативен ПЦР-тест се купувал многу лесно на бензинска пумпа во Врање за само 65 евра.

Во Тирана исто така имало апсења поради истото незаконско однесување.

Имено, албанската полиција уапсила пет члена на групата осомничени за издавање лажни ПЦР тестови во Тирана, додека минатиот месец во Пеќ, косовската полиција уапсила две лица за истото дело, и од тие причини Германија не признава негативни тестови за ПЦР од Косово.

По апсењата на Балканот за издавање лажни сертификати за негативни ПЦР тестови, претежно патници за Швајцарија, влезот во оваа земја ќе биде покомплициран од 8-ти февруари, бидејќи покрај голем број заразени и жртви од Балканот, оваа земја е принудена да го контролира влезот на луѓе на нејзината територија.

„Швајцарија ги препознава овие тестови ако се издадени во последните 72 часа и ако тестот е негативен. Во моментов нема тестови од регионот или земјите кои не се признати за злоупотреба“, изјавил Јан Хулман, портпарол на ОФСП за швајцарскиот весник на албански јазик „Ле Кантон27“.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.02.2021 - 12:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега