На 3 август 2026 година, во 22:00 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци ја лишиле од слобода Д.П. (41) од Кавадарци, постапувајќи по претходна пријава од нејзината 75-годишна свекрва.

Според пријавата, во нејзиниот дом Д.П. ѝ упатувала закани. Таа била задржана во полициска станица, за случајот бил известен јавен обвинител, а по целосното документирање на настанот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

Exit mobile version