На 08.03.2026 година во Гостивар, полициски службеници од НККР Гостивар лишија од слобода лице идентификувано како Б.Х. од Гостивар, поради пронајдена марихуана во негово поседување.

Подоцна, околу 23:00 часот, по добиена судска наредба, полициските службеници извршија претрес во домот и помошните простории на Ј.К., на 33 години, исто така од Гостивар, кој претходно му продал марихуана на Б.Х.

При претресот кај Ј.К. била пронајдена дополнителна количина марихуана, по што тој е лишен од слобода. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок во согласност со законските прописи.

Exit mobile version