Апсење на скопскиот аеродром- приведени шест лица

Во изминатоте 24 часа на скопскиот аеродром  биле уапсени шест лица кои приложиле фалсификувани ПЦР тестови.

„На 22.02.2021 во 04.00 часот на Граничниот премин „Меѓународен aеродром“-Скопје, при проверка на Р.Б.(21) од Казахстан било констатирано дека на увид приложила фалсификуван негативен ПЦР тест. Таа била приведена и задржана за понатамошна постапка.

На 22.02.2021 во 05.20 часот на Граничниот премин „Меѓународен аеродром“-Скопје, при проверка на Е.С.(48) и А.С.(46), двајцата од Кoсово, било констатирано дека на увид приложиле фалсификувани негативни ПЦР тестови. Тие биле приведени и задржани за понатамошна постапка.

На 22.02.2021 во 07.40 часот на Граничниот премин „Меѓународен аеродром“- Скопје, при проверка на Г.Х.(50) од Турција било констатирано дека на увид приложил фалсификуван негативен ПЦР тест. Тој бил приведен и задржан за понатамошна постапка.

На 22.02.2021 во 15.00 часот на Граничниот премин „Меѓународен aеродром“-Скопје, при проверка на Р.Б.(36) и Л.Б.(34), двајцата од Боговиње, тетовско, било констатирано дека на увид приложиле фалсификувани негативни ПЦР тестови. Тие биле приведени и задржани за понатамошна постапка.“ известуваат од МВР.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.02.2021 - 12:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега