Апсење на скопскиот аеродром: Албански државјанин си купил лажна италијанска лична карта па тргнал на пат
Албанец со фалсификувана италијанска лична карта уапсен на аеродромот во Скопје.
Според пријавеното рано утринава во 02.45 часот на Граничен премин “Меѓународен Аеродром“- Скопје од полициски службеници бил лишен од слобода Р.T.(33) од Р.Албанија, со фалсификувана италијанска лична карта.
При преглед на неговиот багаж била пронајдена албанска лична карта со исти податоци, а по извршен разговор пријавениот изјавил дека италјанската лична карта е фалсификувана и дека ја купил од лице во Р.Албанија.
Лицето е предадено на полициски службеници од Одделение за прекуграничен криминал и миграции Скопје за понатамошна постапка.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа