Вчера во 16:20 часот на патот Битола- Ресен, на место викано „Превалец“, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода М.Е.(40) од Ресен.
При контрола со радар било констатирано дека М.Е. управувал патничко возило „мерцедес“ со ресенски регистарски ознаки со брзина од 153 километри на час на место каде максимално дозволена брзина е 80 километри на час.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
- Вработен во РЕК Осломеј сакал порано да си оди од работа – На шефот му кажал дека има бомба
- Платформата за родова еднаквост бара системска промена: Да ставиме точка на семејното насилство
- Обвинет за случајот „Пулс” тврди дека е болен – Судијката му порача дека ќе оди во притвор ако не доаѓа на судења
- Војната се шири: Иран го нападна Азербејџан со дронови – погодено училиште и аеродром, има повредени
- Кој ќе го купи Аудито на Мерко – Почетна цена од 21.800€
- Асанов не признава вина, а делови беа закопани во неговиот двор: „Да убиеш човек не е лесно”
- Трамп: Иран ќе имаше нуклеарна бомба за две недели ако не удревме
- Дневен хороскоп: Овенот да не брза, големите цели се остварливи за Девицата


