Вчера (11.02.2026) во 13:30 часот во Скопје, во кругот на Комплекс клиники „Мајка Тереза“, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода К.Г.(55).
Како што се наведува во полицискиот билтен, полициските службеници постапиле по претходна пријава дека уапсениот упатувал вербални закани, а потоа и со остар предмет се заканувал на З.К.(59) и членови на неговото семејство.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.

