Апсења во Турција: Во земјотресот се урнала нова зграда поради грешка во станот на приземјето

 

 

Неколку лица се уапсени во Турција под сомнение дека поради несовесно работење предизвикале уривање на бројни згради за време на разорните земјотреси во Турција.

Меѓу уапсените е и Назми Тосун, надзорниот орган за време на изградбата на станбениот комплекс Емре во Газиантеп, кој беше уништен во разорниот земјотрес.

Истрагата утврдила дека се исечени неколку столбови во приземјето на станбениот комплекс, што помогнало да се олесни уривањето на зградата. Во зградата имало 22 стана, а надлежните сметаат дека до рушење немало да дојде доколку столбовите биле поставени според прописите за градба.

„ Обвинителството во Газиантеп започна истраги во врска со зградите што беа уништени во разорните земјотреси што ја погодија Турција. Стручните комисии се на терен и спроведуваат истрага. Соработуваме со соодветните институции за да ги идентификуваме одговорните за време на изградбата, кои со несовесно работење придонеле за уривање на зградите“, соопштија надлежните.

Јавуз Каракуш, кој се занимавал со изградба на бројни станбени згради во тој град, е приведен во Адијаман. Тој бил фатен на аеродромот во Истанбул во моментот кога се обидувал да побегне во Грузија.

Кај него била пронајдена поголема сума пари. Медиумите јавуваат дека меѓу неговите работи биле пронајдени околу 16.000 долари и повеќе од 20.000 лири.

Турските медиуми јавуваат дека полицијата уапсила уште неколку изведувачи, градежници кои го вршеле техничкиот прием на урнатите згради и уште неколку инвеститори.

Повеќето од нив беа фатени во обид да побегнат од земјата.

13.02.2023 - 09:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега