Во текот на вчерашниот и денешниот ден во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Б.А.(44), М.Љ.(20), Х.Х.(37), С.С.(29), М.С.(40), Б.Б.(32), 22-годишната М.М. и 16-годишна малолетничка, сите од Скопје, како и Р.А.(47) од с.Арачиново, скопско, А.Ч.(27) и Т.Е.(23) двајцата од Турција, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана, прашкаста материја, бела прашкаста и бела грутчеста материја.
На 24.09.2026 во 12:00 часот на место викано „Три багреми” во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишија од слобода А.А.(45), Е.А.(46) и Н.А.(19), сите од Прилеп, затоа што при преглед кај нив, кај А.А. била пронајдена марихуана, а во дворно место од куќата на Е.А., биле пронајдени 18 пакувања марихуана.
По целосно документирање на случаите, ќе следуваат соодветни поднесоци.


