На 22/23.12.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода М.И.(22), А.М.(19), Т.М.(25) и Ф.Р.(36), сите од Скопје, А.М.(42) и Д.П.(19), двајцата од село Волково, скопско, затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела прашкаста материја и марихуана, информираа од полицијата.
По целосно документирање на случаите, ќе следуваат соодветни поднесоци.

