Апсења на повеќе локации во Македонија - приведени 13 лица

 


Во текот на вчерашниот и денешниот ден полицијата апсеше на повеќе локации во Македонија при што приведени се 13 лица.

Вчера  во с. Горно Ботушје, општина Македонски Брод, со судска наредба, полициски службеници од ОВР Македонски Брод при СВР Битола извршиле претрес во домот на З.В.(55) во с.Горно Ботушје, при што пронашле и одзеле ловечка пушка и 35 патрони за пушката. Истиот ден, исто така со судска наредба, полициски службеници извршиле претрес и во домот на Н.Ц.(56) од с.Горно Ботушје, при што биле пронајдени и  одземени ловечка пушка и 14 патрони за пушката. По документирање на настаните, против лицата ќе следуваат соодветни пријави.

Вчера во 20.45 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Л.Ш.(25) од Куманово затоа што истиот ден на улица „Браќа Миладиновци“ во Куманово одзел чанта на Б.В.(79) од Куманово. Л.Ш. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Вчера околу 09.00 часот во близина на с.Мрзенци, гевгелиско, кај место викано „Авлаќ“, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранични проверки Богородица пронашле седум лица мигранти од Сирија, од кои еден малолетник. Поради основано соменине дека сторил кривично дело „криумчарење мигранти“ по член 418 - б од Кривичниот законик. од слобода бил лишен A.A.(23) од Сирија. Тој бил задржан во Полициската станица Гевгелија за понатамошна постапка, а останатите шест лица биле спроведени во прифатен центар за странци во Скопје. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Вчера во 23.00 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Т.А.(23) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
 
Вчера во 19.45 часот во Скопје, на подрачјето на Шуто Оризари, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.К.(18) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Вчера во 14.30 часот во Скопје, на подрачјето на Чаир, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Ф.С.(18), Н.К.(18), двајцата од Делчево и М.М.(18) од Валандово затоа што кај нив биле пронајдени и одземена марихуана и дробилка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Ноќеска во 03.00 часот на ул.„22 Април" во Битола, полициски службеници од СВР Битола  ги лишиле од слобода З.Б.(31) и В.М.(28), двајцата од Битола. При преглед  кај З.Б.биле пронајдена грутчеста материја и марихуана, додека при преглед кај В.М. била пронајдена прашкаста материја. Двајцата се приведени во полициска станица и по документирање на настанот ќе следуваат соодветни пријави.

Вчера во 23.00 часот во угостителски објект на улица „Благоја Тоска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го привеле М.А.(26) од Тетово, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна. Тој е спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната. 

Вчера во 18.30 часот на Граничен премин Табановце, на излез од РСМ, полициски службеници го привеле А.А.(31) од Авганистан. При вршење гранични проверки во автобус со грчки национални ознаки, било констатирано дека остварил незаконски влез во државата. Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка

25.10.2024 - 12:24

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега