На 29 и 30 март 2026 година, на повеќе локации во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода пет лица – Ф.Н. (37), Т.Л. (22), 16-годишник, 17-годишник, сите од Скопје, како и Л.А. (24) од Италија.
МВР информира дека кај сите нив била пронајдена и одземена марихуана.
По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.

