Вчера во 19:30 часот на Граничен премин Табановце, полициски службеници ги лишија од слобода К.С.Г.(40) и Ј.С.(32), двајцата од Сојузна Република Германија.
Претходно, при гранични проверки извршени се и контроли во нивните возила, при што во возилото кампер „фиат капрон“ со швајцарски национлани ознаки, кое го управувал К.С.Г., пронајдени и одземени се марихуана, 36 таблети, 189 капсули и дробилка. Додека, во возилото „фолксваген туран“ со германски национални ознаки, кое го управувал Ј.С., пронајдена и одземена е марихуана.
Двајцата се спроведени и задржани во СВР Куманово и по целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
- Ѓорѓиевски на одбележувањето на 59 години МАНУ: Градот го уредува просторот околу Академијата достојно за нејзиното значење
- Утре ќе нема струја до 15:30 часот – проверете дали сте на списокот за исклучувања
- Тошковски на состанокот на УНОДЦ: Трговијата со луѓе не познава граници, одговорот мора да биде одлучен и организиран
- Мицкоски од Собранието: Владата работи на деблокирање на евроинтеграциите
- Вештакот Русески тврди дека во „Пулс“ немало реконструкција туку занаетчиски зафати, родителите револтирани
- 3.5 °C измерени во 14 часот – УХМР соопшти каде е најладно попладнево
- Битиќи: Државата им должи 694 милиони евра на компаниите
- Герасимовски за ДУП „Барутана“: Нема на сила носење план, во постапката за Водно се намалува градењето за 33 проценти



