Апликацијата „СтопКорона“ ќе биде задолжителна доколку имате решение за изолација

Апликацијата „СтопКорона“ ќе биде задолжителна за сите лица кои се наоѓаат во самоизолација. Владата на денешната 63 седница ги задолжи Министерството за внатрешни работи, Инспекцискиот совет и Финансиската полиција да изготват посебни акциски планови за контрола и за спречување на отстапувањето на мерките за заштита, како и санкционирање на секое непридржување до донесените мерки.

-Во врска со оваа точка, Владата заклучи Државниот здравствен и санитарен инспекторат во секое решение за изолација што ќе биде донесено да стои дека е задолжително инсталирање на апликацијата СтопКорона заради поголема прегледност и контрола со цел превенција на ширењето на коронавирусот, велат од владината прес-служба.

Секое прекршување на одредбите од решението за изолација ќе биде санкционирано со државен карантин.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.06.2020 - 22:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега