Денес, асоцијациите на приредувачите на игри на среќа во автомат клубови, казина и спортски обложувалници, АПИС и АСОМ доставивме официјално барање до Собранието за организирање јавна расправа во врска со Предлог законот за игри на среќа и забавни игри. Барањето е согласно член 129 став 2 од Собранискиот Деловник, Комисијата за финансирање и буџет како матично работно тело да ја организира јавната расправа. Примената на ваквата демократска алатка ќе овозможи претставници на асоцијациите и вработените во легалните објекти да ја споделат
сопствената експертиза и професионално искуство со пратениците. Сметаме дека е неопходно во законодавниот дом да ги соочиме аргументите и најважно од се’ јавноста да добие точна претстава за тоа какви штетни последици ќе предизвика усвојувањето на овој Предлог закон.
Долг период игрите на среќа се цел на негативна кампања во која се нафрлаат разни клевети. Легалните објекти не се закана за младината. Закана за младината е популизмот кој затворајќи го овој економски сектор ќе ги направи младите лесен таргет на незаконски играчници кои ќе се одвиваат по подруми, а државата ќе нема никаква контрола.
Уверени сме дека е неодговорно по секоја цена да се донесе закон кој на среден рок ќе направи страшни последици кои многу тешко ќе можат да се поправат.
Истовремено, сметаме дека е вообичаена демократска пракса, особено што сите видови приредувачи на игри на среќа вкупно гледано сме најголем приватен работодавец во државата, голем дел од нашите членки имаат капитал од ЕУ, сме општествено одговорни компании кои донираат во јавното здравство, спортот, културата, покровители сме на многу хуманитарни акции, да бидеме ислушани и нашата експертиза и знаење да биде уважено со цел изработка на одржливо законско решение во согласност со највисоките европски и светски стандарди за организирање игри на среќа.
- Вештачката интелигенција е корисна во образованието, но може да предизвика интелектуална мрзеливост
- Трагедија во Бристол: Куче до смрт изгриза 19-годишна девојка, сопственичката призна вина на суд
- Британско разузнавање: Русија претрпе огромни загуби во воена опрема на фронтот
- Оваа земја издаде највисоко ниво на предупредување за жештини за главниот и уште три други градови
- Терапијата за мултиплекс склероза се децентрализира: Лекови ќе има во Битола, Куманово и Струмица
- Внимавајте како сте облечени кога одите по пасош или лична карта – МВР воведува кодекс за облекување за граѓаните и вработените
- Трагедија во Германија: Починаа две деца откако автомобил влета во група ученици
- Започна дестабилизацијата на времето: Пороен дожд, грмежи и засилен ветер во североисточните делови


