Апасиев за рушење на Универзалната сала: Симбол на главниот град, и иде еден пијаница и ќе ја рушел!?

Откако беше најавено рушење на Универзалната сала не стивнуваат реакциите, идеја која стана извесна откако Град Скопје објави Конкурс за идејно решение за изградба на парк отворена летна сцена на нејзиното место. 

Денеска реагираше и Димитар Апасиев лидерот на Левица, партијата која на последните парламентарни избори освои два пратенички мандати.

„Изградена со солидарна помош на 37 земји! Потсеќа на римскиот Пантеон. Симбол на главниот град... И иде еден пијаница и ќе ја рушел!? Оти само за рушење знаат. Ништо немаат изградено. Чунки, толку им се способностите. Мизерија од луѓе и од „карактери“, напиша Апасиев на фејбук.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.07.2020 - 14:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега