Апасиев со чевла им ставаше печат на амандманите
Продолжува драмата во македонското Собрание. Пратеникот од Левица, Димитар Апасиев со чевла им ставаше печат на амандманите.
За потсетување, во Собранието попладнево продолжи 131. седница и по петнаесетина минути повторно беше прекината откако пратениците од Левица постојано бараа седницата да не се одржува, се расфрлаа со листови со амандамните за Предлог Деловникот на Собранието и посегаа по дел од преостанатиот инвентар од претседавачката маса. Претседателот на Собранието и предлагач на Предлог - Деловникот Талат Џафери не прифати најголем дел од над 2000 амандмани на Левица, по што пратениците Борислав Крмов и Димитар Апасиев предизвикаа инцидент во Парламентот.
На продолжението на 131. седница Апасиев од говорницата праша како може 12 амандмани да бидат прифатени, а другите да не бидат. Апасиев рече дека услов за тие да влезат во Влада по следните избори ќе биде претседателот на Собранието и предлагач на Деловникот Талат Џафери да оди во затвор.
-Не смеете да тргате амандмани од пратеник, рече Апасиев.
Пратеникот Борислав Крмов, исто така, бараше да се прекине седницата фрлајќи го преостанатиот инвентар од претседавачкото место.
Потпретседателот на Собранието Горан Мисовски беше приморан повторно да ја прекине седницата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа