Апасиев: СДС на Нашата земја со ДУИ сакаат да прошверцуваат Деловник, затоа се одлучивме за амандмански филибастеринг
Лидерот на Левица и пратеник Димитар Апасиев по бројните и жестоки реакции од власта за амандманите кои ги поднесе опозициската партија за измените на Деловникот за онлајн работа на Собранието објаснува дека се решиле за филибастеринг за СДСМ и ДУИ да не прошверцуваат противуставен Деловник.
– СДС на Нашата Земја, во соработка со ДУИ, се обидуваат да прошверцуваат противуставен Деловник за онлајн работа на Собранието, со единствена цел – да може полесно да го ратификуваат евентуално склучениот квислиншки АНЕКС-ДОГОВОР со Бугарија, со кој тотално се негира македонскиот јазик, нација и идентитет! Пратениците на Левица се решени дека тоа нема да го дозволат и затоа се одлучија да го блокираат процесот со амандмански ФИЛИБАСТЕРИНГ – пишува на Фејсбук Апасиев.
Тој додава дека во меѓувреме, во јавноста процурија и следниве амандмани на „безобразните опозиционери.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа