Close Menu
Press24
    Најново

    2 хороскопски знаци кои до пролет ќе се збогатат

    06.03.2026 во 23:42

    Сите ги сакаат: Трите најпопуларни хороскопски знаци

    06.03.2026 во 23:15

    Што ја прави секоја жена посебна и незаменлива според хороскопскиот знак

    06.03.2026 во 22:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • 2 хороскопски знаци кои до пролет ќе се збогатат
    • Сите ги сакаат: Трите најпопуларни хороскопски знаци
    • Што ја прави секоја жена посебна и незаменлива според хороскопскиот знак
    • Израел со силен воздушен бран во Бејрут
    • Иран: Европа и другите земји ќе бидат легитимни цели на напад ако се приклучат на САД и Израел
    • Трамп: Иран не мора да биде демократија, важно е да биде сојузник
    • Цените на нафтата во нагло качување: Блискиот Исток го блокира клучниот „енергетски крвоток“
    • Битолски водовод: Чистењето на улиците се врши веднаш по санирање на дефектите
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Апасиев: Левица ќе и поднесе кривична пријава на „антикорупционерката“ Цвета Ристовска

    Апасиев: Левица ќе и поднесе кривична пријава на „антикорупционерката“ Цвета Ристовска

    14.02.2026 во 13:452 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Димитар Апасиев, пратеник и лидер на Левица најави дека партијата ќе поднесе кривична пријава за Цвета Ристовска, член на ДКСК, која вчера си поднесе оставка од комисијата.

    „Се лаже госпожата дека овде завршува нашата и ваша борба за поправеден систем! Напротив, нашиот правен тим и спрема и кривична пријава за лажирање на податоците од Анкетниот лист за прикривање на фирмите на нејзините синови, вели Апасиев во објава на социјалните мрежи и додава дека тоа е стипулирано кривично дело според важечкиот Кривичен законик.

    Апасиев, укажува и на фактот дека ако Левица не ги објавела серијата скандали поврзани со Ристовска, таа уште ќе била „антикорупционерка” и додава дека е штета што не ја дочекала интерпелацијата, која била спремна и пуштена во собранието.

    „Левица стана снајперист за корумпираните! Сѐ повеќе свиркачи и инсајдери се осмелуваат да ни пријават корупција во нивните институции заробени од вмроидните расипани кадри, затоа што во нас препознаваат кредибилни и бескомпромисни фајтери за јавнотот добро“, вели Апасиев.

    Тој додава дека Левица ќе продолжи со исто темпо и ги повикува и охрабрува граѓаните кои имаат докази против корумпирани функционери, да им ги достават во Собранието.

    „Ние гарантираме дискреција и јавно ветуваме дека истите ќе ги обзнаниме пред јавноста и ќе поведеме правни процеси против сите инволвирани, без оглед на партиската припадност“, завршува Апасиев.

    Популарно

    „Вашингтон пост“: Москва му предава координати на американската морнарица на Техеран

    06.03.2026 во 21:22

    Сите ги сакаат: Трите најпопуларни хороскопски знаци

    06.03.2026 во 23:15

    Трамп: Иран не мора да биде демократија, важно е да биде сојузник

    06.03.2026 во 22:09

    Германија со 100 милиони евра за спречување нов бегалски бран од Блискиот Исток

    06.03.2026 во 20:39
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.