Апасиев го предупреди Џафери да прати обезбедување: Баравте бал, ќе добиете маскенбал

Пратете обезбедување во 14 часот на седницата на собраниската комисија, баравте бал ќе добиете маскенбал, му порача пратеникот од Левица, Димитар Апасиев на претседателот на Собранието, Талат Џафери на денешната пленарна седница, пренесува Плусинфо.

Пратеникот Апасиев реагираше затоа што амандманите на Левица за Законот за лична карта исчезнале при преносот од собраниската архива до кабинетот на собранискиот спикер Талат Џафери. Како што објасни пратеникот, вработените во собраниската архива, при приложувањето на амандманите, наместо да ги примат, барале одобрение од претседателот Џафери, што е недозволиво во парламентараната демократија.

– Тие се должни да го примат секое барање на граѓаните, па и тоа да е напишано на тоалетна хартија – рече Апасиев кој најави дека на денешната комисиска расправа закажана за во 14 часот Левица ќе бара да ѝ се прифатат амандманите на Левица, а не само на Алијанса за Албанците.

Џафери го потсети Апасиев дека се наоѓа во Собрание, а не на улица за да испраќа закани.

22.07.2021 - 14:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега