Апасиев демантира дека е повикан на разговор во Обвинителството: „Никој не ме повикал нигде“
По информациите дека претседателот на политичката партија Левица, Димитар Апасиев е повикан во Јавното обвинителство на информативен разговор, тој се огласи на Фејсбук.
„А бе, уше нога у Собрание не пуштивме, одма со терор, а? Хихихии. Срцки соросписки. Ја у политика сум нов, али у право сум ПРОФЕСОР. Немој мене со овие куршуми.
p.s. Никој не ме повикал нигде. Ако ме повика, ќе идам со задоволство и пак ќе ги победиме“, напиша Апасиев на својот фејсбук профил.
Претходно Јавното обвинителство соопшти дека е отворен предмет за статус на социјалната мрежа Фејсбук, објавен од лидер на политичка партија, по пристигнато известување од Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи.
– Истовремено за истото лице пристигнаа две кривични пријави, поднесени од здружението на граѓани Хелсиншки комитет за човекови права и две физички лица, а се однесуваат на друг статус објавен на социјалните мрежи Фејсбук и Твитер, се вели во соопштението од ОЈО.
Основното јавно обвинителство Скопје по оформување на предметот, издаде наредби за електронско документирање на сите спорни статуси од социјалните мрежи кои ги објавил пријавениот, до Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи. Воедно, во насока на утврдување на фактите, надлежниот јавен обвинител го повика пријавеното лице да даде исказ во обвинителството.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа