Антонов: Новата помош за Украина го зголемува ризикот за судир меѓу Русија и Западот

 

Рускиот амбасадор во САД, Анатолиј Антонов изјави дека одлуката на Вашингтон да испрати поголема воена помош за Украина ги загрозува интересите на Москва и го зголемува ризикот од воен конфликт меѓу Русија и Западот.

„ Ова го доживуваме како непосредна закана за стратешките интереси на нашата земја. Снабдувањето со воени производи од страна на САД и нивните сојузници не само што повлекува продолжено крвопролевање и нови жртви, туку и ја зголемува опасноста од директен воен конфликт меѓу Русија и западните земји“, рече тој.

Американскиот претседател Џо Бајден му рекол на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека Вашингтон ќе му обезбеди на Киев воена помош од 625 милиони долари, вклучително и фрлачи за артилерискиот ракетен систем со висока мобилност (Химарс), објави синоќа Белата куќа.

05.10.2022 - 13:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега