Close Menu
Press24
    Најново

    Дневен хороскоп за 11 март 2026

    10.03.2026 во 23:43

    „Луѓето нема да разберат“- Бресквица изнесе се’ јавно – дали е виновна за крајот меѓу Лука Дочиќ и Анамарија?

    10.03.2026 во 23:12

    Најпознатиот поткастер во светот му сврти грб на Трамп поради новата војна

    10.03.2026 во 22:55
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Дневен хороскоп за 11 март 2026
    • „Луѓето нема да разберат“- Бресквица изнесе се’ јавно – дали е виновна за крајот меѓу Лука Дочиќ и Анамарија?
    • Најпознатиот поткастер во светот му сврти грб на Трамп поради новата војна
    • Моќниот британски разорувач HMS Dragon итно испратен во Источниот Медитеран
    • Втората група македонски граѓани евакуирани од ОАЕ пристигна во Скопје
    • Крајот на март на два хороскопски знаци им носи ненадејни раскинувања
    • Ирански хакери го хакнаа албанскиот Парламент
    • Скандал во Пентагон: Ројтерс открива дека бројот на ранети Американци е трипати поголем од официјалниот
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Анкетната комисија во Собранието ја разгледува претставката од родителите на загинатите деца во „Пулс“

    Анкетната комисија во Собранието ја разгледува претставката од родителите на загинатите деца во „Пулс“

    09.12.2025 во 09:223 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Постојана анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот во македонското Собрание денеска закажа седница, на чиј дневен ред е претставката поднесена од Здружение на граѓани „16 март 2025 Кочани“, во јавноста познато како Здружение на родителите на загинатите деца во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

    Во писмото на Здружението се посочува дека ова за нив не е политичка тема, туку борба за правда за нивните деца и спречување на идни вакви случаи. Во писмото се нагласува дека не сакаат ништо повеќе од она што Уставот и законите треба да го гарантираат: одговорност и почитување на човековите права и човечкиот живот, а за што сметат дека постои јасна и неодложна обврска институциите да дејствуваат.

    -И затоа од Вас бараме, согласно Вашите надлежности како парламентарна комисија: Да поведете постапка за разгледување на овој случај како сериозна повреда на човековите права и слободи, особено правото на живот, безбедноста и правична постапка; Да ги повикате на сослушување сите релевантни институции, функционери и физички лица кои имале надлежност или биле во позиција на одговорност пред, за време и по трагичниот настан; Да иницирате темелна парламентарна истрага преку собраниската Постојана анкетна комисија со која раководите, со цел да се откријат сите слабости  во системот и евентуални прикривања, со посебен акцент на улогата на корупцијата. Да предложите итни измени во законската регулатива за работа на угостителски објекти, вклучително и јасни безбедносни стандарди, транспарентност во издавање на дозволи и зајакнување на контролата врз инспекциските органи и доколку утврдите дека имало масовна повреда на човековите права во трагедијата од Кочани, да поведете постапка за утврдување на одговорноста кај носителите на јавните функции, се наведува меѓу другото во писмото од Здружение на родителите на загинатите деца во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

    Претседателот на Постојаната анкетна комисија за заштита на човековите слободи и права и пратеник на Левица, Димитар Апасиев на 27 ноември кога информира за закажувањето на седницата соопшти дека поканети се Претседателката на државата, Премиерот, претседателот на Собранието, министерот за внатрешни работи и други претставници на надлежни институции. На седница родителите и блиските роднини на загинатите деца во трагедијата во Кочани ќе можат да се обратат на собраниската говорница.

    Апасиев во пресрет на седницата на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, вчера повторно упати апел до пратениците од владејачкото мнозинство и поканетите претставници од власта, како што вели, „да не измислуваат изговори и да се појават на седницата“. Тој посочува дека оваа седница е свикана по претставка на родителите на трагично загинатите деца од Кочани, а датумот е усогласен токму со нив, бидејќи единствено денеска, не било закажано судско рочиште за „Пулс”. 

    Минатата недела, пак, на предлог на пратениците од парламентарното мнозинство – ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ во Собранието беше донесена одлука да се основа Анкетна комисија за утврдување на околностите во постапувањето на институциите за трагедиите и несреќите во Република Северна Македонија која ќе се фокусира на трагедиите во Кочани, во Модуларната болница, Дурмо турс и Ласкарци. 

    Во Собранието денеска во 11 часот треба да започне и пленарната седница на која на дневен ред е дополнетиот Предлог на буџет на државата за 2026 година.

    На 19 ноември, годинава, во судницата во КПУ Идризово започна судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, што се случи на 16 март годинава, загинаа 63 лица, меѓу кои и деца, а над 200 беа повредени. 

    Судењето го води судијката Диана Груевска Илиевска и се одвива под засилени безбедносни мерки, со присуство на обвинетите, роднини на жртвите, обвинителството, одбраната и бројни новинари. На обвинителна клупа се 37 лица – сопственици, управители, инспектори, поранешни градоначалници, обезбедувачи и државни службеници.

    Популарно

    „Луѓето нема да разберат“- Бресквица изнесе се’ јавно – дали е виновна за крајот меѓу Лука Дочиќ и Анамарија?

    10.03.2026 во 23:12

    Најпознатиот поткастер во светот му сврти грб на Трамп поради новата војна

    10.03.2026 во 22:55

    Уживајте во убавото време – Викендов следи лош пресврт

    10.03.2026 во 08:04

    Дневен хороскоп за 11 март 2026

    10.03.2026 во 23:43
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.