Close Menu
Press24
    Најново

    Путин нареди итна евакуација: Илјадници руски туристи го напуштаат Блискиот Исток со специјални авиони

    04.03.2026 во 18:00

    Сиљановска-Давкова на средба со претседателот на фондацијата „Мармара“, Акан Сувер

    04.03.2026 во 17:46

    Проверете ги сметките: Исплатени над 237 милиони денари на земјоделците

    04.03.2026 во 17:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Путин нареди итна евакуација: Илјадници руски туристи го напуштаат Блискиот Исток со специјални авиони
    • Сиљановска-Давкова на средба со претседателот на фондацијата „Мармара“, Акан Сувер
    • Проверете ги сметките: Исплатени над 237 милиони денари на земјоделците
    • Кривични пријави, руско масло во бугарската пропаганда
    • Утре подгответе ги чадорите – од УХМР најавуваат дожд
    • Се дигитализира системот за заразни болести, пристигнува АЛЕРТ 2.0
    • Американска подморница потопи ирански брод
    • Скопјанец пронајден починат во својот дом
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Анкета: Рејтинот на Трамп падна на историско ниско ниво по настаните во Минеаполис

    Анкета: Рејтинот на Трамп падна на историско ниско ниво по настаните во Минеаполис

    27.01.2026 во 19:004 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    По настаните во Минеаполис, рејтингот на американскиот претседател Доналд Трамп падна на рекордно ниско ниво од неговото враќање во Белата куќа, покажува најновата анкета на Ројтерс и Ипсос.

    Според истражувањето, стапката на одобрување на Трамп меѓу Американците изнесува 38 проценти, што е најниско ниво од јануари 2025 година, кога повторно ја презеде функцијата. Во средината на јануари неговиот рејтинг беше 41 процент.

    Падот на поддршката главно се должи на незадоволството од имиграциската политика на администрацијата на Трамп. Анкетата покажува дека 39 проценти од испитаниците ја одобруваат таа политика, додека 53 проценти не ја одобруваат.

    Претходно овој месец, односот беше 41 наспроти 50 проценти. Околу 58 проценти од анкетираните сметаат дека агентите на Американската служба за имиграција и царина (ICE) отишле „предалеку“ во заострувањето на мерките, 12 проценти оценуваат дека тие не биле доволно строги, а 26 проценти ги нарекуваат „прилично соодветни“.

    На почетокот на јануари, за време на акција на ICE во Минеаполис, агент на службата ја застрела и уби 37-годишна американска државјанка, Рене Никол Гуд, што предизвика масовни протести против дејствувањето на федералните власти. Претставници на администрацијата на Трамп тврдеа дека агентот дејствувал во самоодбрана бидејќи таа наводно сакала да го прегази, но градоначалникот на Минеаполис, Џејкоб Фреј, ја нарече таа верзија „целосна глупост“ и јавно побара ICE да го напушти градот.

    На 24 јануари, агенти на ICE во Минеаполис застрелаа и убија уште еден 37-годишен маж, медицински работник по име Алекс Џефри Прети. Министерството за внатрешна безбедност на САД соопшти дека се сомнева оти тој бил вооружен, но видеоснимки покажуваат дека Прети во раката држел мобилен телефон, а не пиштол. На снимките се гледа како тој им се приближува на агентите, кои потоа го соборуваат на земја и пукаат во него десетина пати.

    Видеоснимките од моментите пред смртта на Прети, според медиумите, ја доведуваат во прашање официјалната федерална верзија дека тој им се заканувал на агентите со пиштол, бидејќи се гледа дека оружјето било земено пред да се отвори оган. Локалната полиција, пак, соопшти дека Прети легално го поседувал оружјето.

    Трамп првично реагираше остро, нарекувајќи го Прети „стрелец“ и објавувајќи фотографија од неговиот лиценциран пиштол. Подоцна, во изјава за „Волстрит џурнал“, тонот му беше поумерен, наведувајќи дека „не му се допаѓаат никакви престрелки“.

    И портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит, на прес-конференција ја нарече смртта на Прети „трагедија“, со што се оддалечи од претходните изјави на советникот на Трамп, Стивен Милер, кој го опиша Прети како „потенцијален убиец“, пренесува „Гардијан“.

    По второто убиство за еден месец, администрацијата на Трамп и самиот претседател ја променија реториката за дејствувањето на ICE, објави „Волстрит џурнал“. Трамп го испрати Том Хоман, функционерот задолжен за граничната безбедност и депортациите, во Минесота. Хоман се заложи за „понасочен пристап“, насочен кон имигранти со криминално досие или со конечни налози за депортација. Во меѓувреме, командантот на граничната патрола, Грегори Бовино, кој важеше за поддржувач на построг пристап, ја напушти сојузната држава.

    Истовремено, Трамп сигнализираше подготвеност за договор, повикувајќи ги гувернерот на Минесота, Тим Волц, и градоначалникот Фреј на поблиска соработка, вклучително и помош при приведувањето на илегални имигранти. Според извори во администрацијата, цитирани од „Волстрит џурнал“, Трамп е подготвен да повлече дел од агентите на ICE од Минесота доколку локалните власти ги прифатат неговите услови.

    Промената во ставот на Трамп дојде по критики од републиканските поддржувачи, кои изразија загриженост дека тој ја губи јавната поддршка во пресрет на меѓуизборите, наведува весникот.

    Белата куќа, во меѓувреме, се обиде вината за насилството да ја префрли на локалните власти под контрола на Демократската партија, кои одбиваат соработка со федералните имиграциски служби. Администрацијата предупреди дека насилството нема да престане сè додека демократските гувернери и градоначалници не им помогнат на федералните органи во апсењето, задржувањето и депортирањето на имигранти без документи, пишува „Вашингтон пост“.

    Растечкото незадоволство се чувствува и во Вашингтон, каде сè повеќе републиканци бараат подлабока истрага за тактиките на федералните имиграциски власти во Минесота, што укажува на можност за двопартиска проверка на верзијата на администрацијата.

    Демократите, пак, најавија дека ќе се обидат да го блокираат понатамошното финансирање на Министерството за внатрешна безбедност, освен ако во најавениот законски предлог не бидат вклучени реформи за ограничување на овластувањата на федералните агенти при депортацијата на мигранти, пишува „Гардијан“.

    Популарно

    Петок е неработен ден за сите граѓани – доаѓа продолжен викенд

    27.02.2026 во 09:37

    ВИДЕО: Иран истрела ракета кон Турција

    04.03.2026 во 14:41

    Нови детали: Познат идентитетот на возачот кој загина на обиколницата Скопје-Тетово

    04.03.2026 во 10:52

    (ВИДЕО) Голем хаос во Дубаи: Иранците го погодија американскиот козулат

    03.03.2026 во 21:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.