Анкета на ИПИС: ВМРО-ДПМНЕ со над 5% предност пред СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ има над 5 проценти предност пред СДСМ, покажува телефонската анкетата на Институтот за политички истражувања Скопје.

На прашањето „За која партија би гласале доколку следната недела има парламентарни избори“ – 23 отсто од граѓаните рекле ВМРО-ДПМНЕ. Втора e СДСМ со 17,6 проценти. Потоа следуваат ДУИ со 6,7, Коалицијата АА и Алтернатива со 4,9, Левица со 4 проценти. БЕСА и Коалицијата ЛДП и ДОМ имаат речиси идентичен рејтинг со 1,6, односно 1,7 проценти.

За ниту една партија нема да гласаат 11,3 отсто од испитаниците, а „не знам“ одговориле 12,8 проценти.


Според анкетата на ИПИС, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски има поголем рејтинг од неговиот опонент Зоран Заев.

На прашањето „Во кој политичар имате најголема доверба?“ за Мицкоски одговориле 19,3 отсто, за Заев 15,6 проценти.Али Ахмети има рејтинг од 7 отсто, а потоа следуваат Димитар Апасиев и Зијадин Села со 4,2 односно 4 проценти. За Билал Касами одговориле 1,5 отсто, додека за Африм Гаши 1,1 проценти од граѓаните.

Анкетата е спроведена за потребите на ИПИС. Направено е кратко телефонско истражување во период од 19 и 22 октомври на 1102 полнолетни испитаници на ниво на Република Македонија.

Добивајте вести на Viber

 

25.10.2021 - 09:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега