Анкета на ИПИС: Криминалот и корупцијата се најголем проблем со кој се соочува Македонија

 

Криминалот и корупцијата се најголем проблем со кој се соочува Македонија, сметаат граѓаните, покажува најновата анкета на ИПИС.

На прашањето: Според Вас кој е најголемиот проблем со кој се соочува Македонија и Владата мора веднаш да го решава? 37,5 проценти од испитаниците одговориле дека тоа е криминалот и корупцијата. 19,7 отсто пак, сметаат дека тоа е економијата и животниот стандард. Потоа следуваат невработеноста, високи цени, квалитет во образование, здравство…

Најновата анкета на ИПИС, беше направена преку телефон во периодот од 9-ти до 13 октомври на 1500 испитаници и теренски од 1-ви до 20 октомври на 1005 испитаници.

Информациите од неа ги пренесе премиерот Христијан Мицкоски на првиот брифинг со новинарите по стартот на новата влада.

01.11.2024 - 17:31

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега