Анкета: Граѓаните стравуваат дека цените на производите ќе продолжат да растат
Граѓаните сметаат дека цените на производите ќе растат во наредниот период, покажува анкетата на Стратум РИД. Ваквата перцепција кај граѓаните е најизразена во септември и мислењето на граѓаните најмногу се влошило во тој месец.
18 отсто од граѓаните сметаат дека цените ќе се покачуваат брзо, 38,9 проценти дека ќе се покачуваат со стабилно темпо, а 34 отсто дека бавно ќе се качуваат. Само 6 проценти од населението смета дека цените ќе останат исти.
Споредено со јуни годинава перцепецијата на граѓаните се влошила. Тогаш 13,9 отсто од населението сметало дека цените брзо ќе се покачуваат. 36 проценти дека ќе се покачуваат со стабилно темпо, а 33 проценти дека бавно ќе се покачуваат. Тогаш 12 проценти од граѓаните сметале дека цените ќе останат исти.
Најоптимисти биле во јули минатата година 13,3 отсто од граѓаните сметале дека цените ќе се покачуваат брзи, 25,7 проценти дека тоа ќе биде со стабилно темпо, а 28 отсто со бавно. Пред малку повеќе од една година, 23,3 проценти од граѓаните сметале дека цените ќе останат исти.
Агенцијата СТРАТУМ РиД последната недела од септември и првата недела од октомври го спроведе кварталното истражување омнибус во кое е вклучена континуирано и секција за расположението на граѓаните како и рејтинг на Институции и политички партии. Истражувањето се спроведува со директни интервјуа во домаќинствата на испитаницата односно три етапен стратификуван случаен примерок со големина од 1200 домаќинства. Грешката на примерок изнесува +/- 3.4%.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа