Close Menu
Press24
    Најново

    Анима Мунди: Град Скопје ја разреши нашата активистка – ова е политичка одлука на Орце Ѓорѓиевски

    30.03.2026 во 18:19

    Драма во Сирија: Стотици луѓе упаднаа во историскиот христијански град и направија хаос

    30.03.2026 во 18:09

    СДСМ: Орбан паѓа – Мицкоски договара враќање на Груевски

    30.03.2026 во 17:41
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Анима Мунди: Град Скопје ја разреши нашата активистка – ова е политичка одлука на Орце Ѓорѓиевски
    • Драма во Сирија: Стотици луѓе упаднаа во историскиот христијански град и направија хаос
    • СДСМ: Орбан паѓа – Мицкоски договара враќање на Груевски
    • Успешно претставени инвестициските можности пред бизнис заедницата во Унгарија
    • Мицкоски оствари средба со Орбан
    • Мицкоски: Форумот во Будимпешта носи нови партнерства, Македонија меѓу водечките во Европа по инвестиции
    • Историски ден за вработените во јавното обвинителство – следува етапно покачување на платите
    • (ВИДЕО) Премиерот со „Визер“ слета во Будимпешта: Повторното воспоставување на линијата претставува значаен чекор
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Анима Мунди: Град Скопје ја разреши нашата активистка – ова е политичка одлука на Орце Ѓорѓиевски

    Анима Мунди: Град Скопје ја разреши нашата активистка – ова е политичка одлука на Орце Ѓорѓиевски

    30.03.2026 во 18:194 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Ја информираме севкупната засегната јавност дека Град Скопје донесе одлука за разрешување на директорката на ЈП „Лајка“, Радмила Пешева- активист на Анима Мунди и долгогодишен борец за системско и хумано решавање на проблемот со бездомните животни. Оваа одлука се соопшти преку телефонски повик до активистката, без претходен состанок, образложение и или било каква базична институционална комуникација, информираат од Анима Мунди.

    Во изминатиот период, како организација, до Градот беа доставени исцрпни документи, предлог измени на закон, хоризонтални усогласувања на институционалните надлежности, како и стратешки и акциски план за унапредување на ЈП „Лајка“ под мотото „ЗА СКОПЈЕ, ШТО СЕ ГРИЖИ“. Тоа беше концепт заснован на хуманост, систем, одговорност и долгорочно празнење на улиците од нови бездомни животни преку закон, ред и координирана институционална работа. Денешната одлука, за жал, покажува дека ова не е такво Скопје!

    Градоначалник Орце Ѓоргиевски,

    Тешко е да се зборува за доблест и принципи кога пред избори се повикува на хуманост, соработка и заедничко градење систем – вие не повикавте, за да се произнесете по нашите јавно адресирани барања до сите кандидати на градоначалник – а за разрешувањето на активист од раководна позиција во ЈП „Лајка“ дознаваме преку телефонски повик.

    Начинот на кој се носат ваквите одлуки зборува повеќе од самата одлука.

    Тргањето на активисти од управувањето со институција која испорачува резултати во услови на системска нефункционалност, во услови кога од ограничени ресурси се создава стабилен и кредибилен модел, не е административен потег – тоа е вредносна позиција и јасна порака за насоката во која ќе се води институцијата.

    ЈП „Лајка“ во изминатиот период не беше само јавно претпријатие.
    Беше исклучителен пример како се гради институција во средина во која системот за контрола на бездомните животни практично не постои.
    Институција која од ограничени услови создаде кредибилитет, доверба, професионалност и јасна хумана ориентација.

    Во такви околности беше изграден модел кој обедини над сто различни чинители – активисти, ветеринарна фела, граѓански организации, институции, донатори, меѓународни партнери и јавноста – околу една заедничка цел: хуманост, здравствена заштита, безбедност на граѓаните и животните и рационално користење на јавните средства преку силна граѓанска и стручна поддршка.

    Такви модели не се создаваат често. Уште поретко се прекинуваат без сериозна и аргументирана причина.

    Ова јасно укажува дека нашите и вашите концепти за функционирање на институцијата се суштински различни.

    Кога од управување се тргаат луѓе кои донеле стабилност, интегритет и неприкосновен кредибилитет на институцијата, тешко е да се зборува за унапредување на системот , туку за обид за негова целосна контрола.

    Институција која функционира врз принципи, транспарентност и јавен интерес не може да биде проблем за јавноста.
    Но очигледно може да биде проблем за оние на кои таквиот концепт им е далечен и стран.

    Не може да се зборува за хуманост како вредност, а истовремено да се оттурнуваат луѓето кои таа хуманост ја претворија во функционален институционален модел. Не може да се зборува за систем, ако се отстрануваат луѓето кои го граделе. И не може да се зборува за јавен интерес, ако се игнорираат знаење, труд, документи, стратегии и предлози што се доставени со цел институцијата да напредува и расте.

    Интерес очигледно постои. Но тој интерес не е заштита на животните, ниту развој на институцијата, ниту спроведување на хумани политики, ниту владеење на закон и ред.

    Вашата одлука претставува јасен морален и политички избор. Бараме повлекување на оваа одлука.

    Не поради позиција, уште помалку една функција на наш член. Туку поради принципите, довербата и концептот што беше изграден, и поради животните.

    Затоа што Скопје заслужува институции што се грижат.А не институции што се контролираат без каков бил аргумент и со усни наредби.

    И затоа што ние, активисти кои веќе 15 години здружено и волонтерски, без финансиска надомест дејстуваме и немаме ниту една дамка во досегашното функционирање, од Лајка нема да се повлечеме никогаш, стои во реакцијата на здружението.

    Популарно

    Анима Мунди: Град Скопје ја разреши нашата активистка – ова е политичка одлука на Орце Ѓорѓиевски

    30.03.2026 во 18:19

    Драма во Сирија: Стотици луѓе упаднаа во историскиот христијански град и направија хаос

    30.03.2026 во 18:09

    СДСМ: Орбан паѓа – Мицкоски договара враќање на Груевски

    30.03.2026 во 17:41

    Успешно претставени инвестициските можности пред бизнис заедницата во Унгарија

    30.03.2026 во 17:34
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.